Италијанецот Лука Манка (29) паднал од моторот за време на шестата етапа од релито Дакар во чилеанската пустина Атакама и докторите се борат за неговиот живот.
Докторите, Манка го држат во т.н. вештачка кома во локалната болница. Возачот на КТМ при падот од моторот се здобил со тешки повреди на черепот. Докторите неговата здраствена состојба ја оценуваат како опасна по живот.
Шестата етапа со должина од 418 км, се вози од Антофагаста до местото Икикеа низ пустината Атакама на северот од Чиле. До оваа етапа Лука Манка беше деветти во генералниот пласман.
Релито се завршува на 16 јануари во главниот град на Аргенина, Буенос Ариес. “Дакар“ релито важи за едно од најопасните натпреварувања во мото – спортот. Во првата етапа погина 28 годишна девојка која ја удри возило кое излета од патеката.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com