Репрезентативецот на Бразил и член на Јувентус, Даглас Коста поради плукање на противнички играч на дуелот со Сасуоло доби директен црвен картон, а му се заканува и драстична казна за неспортскиот потег.
Бразилецот се извини за инцидентот, но јавно беше опоменат од тренерот на „бјанконерите“ Масимилијано Алегри кој изјави дека не смее играч така да одговара на провокациите.
- Сакам да им се извинам на сите за мојата непримерна реакција. Мојот потег навистина беше одвратен и ништо не заслужив освен црвен картон. Ова мое однесување не покажува ништо што до сега имам направено во мојата кариера. Уште еднаш им се извинувам на сите. – напиша на социјалните мрежи Даглас Коста.
Мечот помеѓу Јувентус и Сасуоло го одбележа Кристијано Роналдо кој ги постигна двата погодоци во победата (2-1).
OhridNews