Србија и Македонија имаат ист проблем, а тоа е дека мигрантите влегуваат во нашите земји од Европската унија.- изјави денеска во Охрид заменик премиерот на Србија и министер за надворешни работи, како и актуелен претседавач со ОБСЕ.

-Согласно тоа ЕУ треба внатре да разгледа механизми како нивните граници се така чуствителни и како поминуваат толкав број мигранти. Ние соработуваме со Унгарија, Австрија и Германија, но и со полицијата и државните органи на Македонија и ова мора да биде заеднички европски одговор. – рече Дачиќ, додавајќи дека не очекува Унгарија да ја затвори границата со Србија поради проблемот со мигрантите.

Запрашан за оценка на актуелната состојба во Македонија, по случувањата во Куманово, Дачиќ истакна дека стабилноста на Македонија е значајна за целиот регион.

-Како претседавач на ОБСЕ го испратив два пати во Македонија претставникот за Западен Балкан кој разговараше со државниот врв и претставници на опозицијата. Ние ги подржуваме сите настојувања на ЕУ ситуацијата да се реши во политички рамки, секако осудуваме секаков облик на загрозување на Македонија, како и секаков облик на насилство и тероризам.-истакна Дачиќ.

Тој додаде дека ОБСЕ како организација е подготвена да ги понуди своите добри услуги на Македонија, доколку постои потреба за тоа. 

OhridNews