Најпродаваниот автомобил во Франција во 2021 година е Дачиа Сандеро, градскиот автомобил на романската марка, која му припаѓа на Рено годинава е продаден во повеќе од 67.000 примероци на поединци.

Според податоците Ц-Вејс/Аутовејс, Дачиа Сандеро е далеку пред двата модели на Пежо 208 (35.000 регистрации) и 2008 (27.000 регистрации). Рангирањето направено од Аутовејс, автомобилската филијала на Ц-Вејс, маркетинг консултантска фирма специјализирана за податоци, го истакнува успехот на теренските возила меѓу Французите. Всушност, има три модели од овој тип на возила во топ 10: покрај Пежо 2008 (третото), тука се и Рено Каптур (четврто) и Дачиа Дастер (петто).

Тесла Модел 3, исто така, направи сензационален влез во топ 10, откако продаде речиси 4.000 примероци минатата година, ја зголеми својата продажба за петпати во 2021 година (повеќе од 18.000 регистрации), со што се позиционираше на осмото место, помеѓу Тојота Јарис, единствениот модел во топ 10 што е „произведен во Франција“ и Цитроен Ц3. Тесла е единствениот 100 отсто електричен модел, кој се наоѓа на првите десет позиции, додека Рено Зое е на 11. место.

Меѓу моделите кои излегоа во 2021 година, најдобро пласиран е Рено Аркана, уште еден СУВ. Тој е на 19. позиција за најпродавани автомобили оваа година (скоро 9.000 регистрации), веднаш пред Дачија Спринг (8.000).

Ако се земе предвид продажбата на автомобили на поединци, компании, компании за изнајмување, администрации и друго рангирањето е сосема поинакво. Тогаш Пежо 208 е на прво место (со скоро 84.000 регистрации), веднаш пред Рено Клио (82.000), а Дачиа Сандеро е на третото место (76.000). Пежо 2008 и Цитроен Ц3 ги комплетираат првите пет местра. Пежо доминира со 274.000 продадени возила (17 отсто удел на пазарот), пред Рено со продадени 261.000 (16,2 проценти) и Цитроен со продадени 156.000 возила (9,7 отсто удел на пазарот).

OhridNews