Дабарот ,кој е заштитена врста во Германија, во германскиот град Дрезден моментално ја блокирал изградбата на еден спорен мост, поради кој градот бил повлечен од листата на заштитени градови на УНЕСКО. Животното, кое се населило во зоната на изградба, според германските закони, не смее да се вознемирува во периодот на парење.


Покрај УНЕСКО, на изградбата на мостот се противат и многу организации за заштита на околината. Тој широк мост, кој се наоѓа во центарот на Дрезден, предизвикал незадоволство кај УНЕСКО и културната агенција на ОН, која го отстранила од листата на светски заштитени градови минатата година.