Најстарото дрво во Бугарија оваа година полни 1664 години. Се смета дека е едно од најстарите листопадни дрва во Европа. Се наоѓа во селото Гранит, во регинот на Стара Загора, Јужна Бугарија.
Секоја година привлекува голем број туристи. Староста конечно му е утврдена во 1982 година, а 15 години пред тоа односно во 1967 година бугарското министерство за шуми го заштитило со закон. Дрвото е високо 23,4 метри, а дебелината на стеблото достигнува до 2,38 метри.