Неверојатно ниско ниво на еколошка свест и неодговорност покажуваат некои наши сограѓани, кои продолжуваат да ја загадуваат животната средина. Покрај пластична амбалажа и покуќнина се фрла и неискористена зимница па дури и пцовисани животни кои завршуваат во каналите, реките, езерото и секаде само не онаму каде што треба. Не дека нешто посебно делуваат, но џабе се и инспекции и казни со ваква несовесност. Има ли надеж за нас? Со ваков однос кон  животната средина, тешко. Зарем е важно кој стопанисува со езерото, кој има одговорност да чисти , кој да плаќа, кога ваква грда слика има насекаде околу нас. Крајно време е некои работи да почнат да се менуваат.


Да знаеше езерото за зборува ….

OhridNews
фото: Емилио