Повод за моето писмо до вас е изјавата на посредникот Метју Нимиц во врска со нашето библиско име Македонија.
Моето име е Ивана Ангеловска, имам 9 години и сум четврто одделение. Се гореам што сум Mакедонка, родена во Мелбурн, Австралија, а потекнувам од преубавиот Охрид и со право ќе ги употребам зборовите на мојот татко кој вели дека потекнува од Ерусалим на Балканот.
Си земам за право да реагирам на реакциите на грците кои велат дека сум луда кога читам и слушам секакви глупости околу нашето име. Јас им порачувам на грците да не се фалат со тоа што не е нивно, зошто Македонија е на сите македонци каде и да се на земјината топка.Ќе повторам, горда сум што сум така одгледана и воспитана да ја сакам мојата Македонија исто како што си ја сакам мојата мајка. Исто така испраќам порака до нашите политичари да не попуштаат за нашето исконско име.
Ве поздравувам и ви посакувам се најдобро и успех во вашата работа. Вашиот весник е прекрасен и постојано го следам, се надевам дека ова ќе го објавите со што ќе ме поттикнете и понатаму да ви пишувам.
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!
Ивана Ангеловска