Итно зафаќање на фекалните води од реката Грашница во колектроскиот систем, чистење и уредување на плажата и слободен пристап на целото крајбрежје во Воска, побараа жителите од оваа населба на мирниот протест што се одржа вчера.
Според него централната и локалната власт треба да се координираат и да се зафатат со решавање на проблемите на граѓаните од Воска. Треба како што се чистат и уредуваат плажите од Охрид до Св. Наум да се чистат и тие на потегот од Охрид кон Струга, додаде Лазороски.
Најголем проблем за жителите претставува загадувањето што го врши реката Грашница. Според нив тоа се должи на бајпасот што своевремено бил изграден за заштита на колекторот во период на обилни дождови. Тие кажаа дека тогаш водата од канализационата мрежа наместо во колекторот се пренасочувала во реката и завршувала во езерото.
Тој објаснува дека колекторскиот систем е со капацитет од околу 120 000 корисници, а оптоварен е како да опслужува 300 000 жители. Трпчески кажа дека се работи на решавање на проблемот за што во финална фаза е изготвувањето на проект за решавање на деценискиот проблем кој постои на потегот од реката Грашница до Далјан.
Жителите од Воска на протестот се пожалија и на оградување на градската плажа, која според нив треба да биде слободна зона.
Сопственикот на комплексот Рашид Мизо истакна дека тука нема никаков проблем затоа што оградата постоела пред тој да го земе објектот. „Вратата на комплексот Градска плажа била и ќе биде отворена за сите граѓани“, вели Мизо.
Тој забележа зошто никој на протестот не ги спомнал другите приватизирани плажи како Гранит, Бетон, Десарет, Инекс. „Зошто капачите не се капат пред населбата, туку доаѓаат кај мене? Доаѓаат на Градска плажа затоа што јас ја одржувам со мој средства и вработени, никому не наплаќам за влез и таа благодет можат да ја користат сите“, додаде Мизо.
Жителите на Воска најавија дека ќе бидат упорни во своите барања за решавање на комуналните проблеми и дека и натаму ќе ги пристискаат надлежните органи на локално и централно ниво, со цел конечно да се изнајде решение за загадувањето на Охридското Езеро од реката Грашница.