Да се продолжи со контролирано испуштање на водата преку реката Црн Дрим, со цел состојбата со Охридското Eзеро дополнително да се стабилизира. Ова вчера го  констатираше Управувачкиот комитет при Центарот за управување со кризи, со кој претседаваше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

На состанокот беше заклучено дека општата хидролошка состојба на природните езера, и водотеците во Македонија е во рамките на контролирано ниво и според временската прогноза не се очекува генерално влошување.

Состојбата на вештачките акумулации и браните, и покрај тоа што на одредени објекти во текот на изминатите денови беше забележано максимално ниво на акумулација, покажува тенденција на намалување и стабилизација преку контролирано испуштање на водата, се вели во соопштението.

                                         

Ohridnews