Од јавното претпријатие „НИСКОГРАДБА“, ги информираат правните лица корисници на услугите кои имаат заостанат долг по основ на неплатени фактури за одведување на отпадни и атмосфетски води, дека истиот може да го отплатат на рати во зависност од висината на долгот.
– Кон оние корисници кои нема да го подмират заостанатиот долг ќе бидат преземени сите законски и подзаконски акти за наплата на истиот по пат на извршител, потенцираат од јавното претпријатие.
Сите заинтересирани лица може да се обратат во просториите на Јавното претпријатие кое се наоѓа на Бул. Железничка бб за да се информираат и да склучат договор за плаќање на долгот.