По повод 18 Октомври-Европски ден на борба против трговија со луѓе, општинскиот Црвен крст, утре, од 12 часот на Градскиот плоштад во Охрид организира јавен настан. Волонтерите на Црвен крст ќе изведат реален приказ за тоа што може да му се случи на лице кое може да биде дел од трговијата со луѓе.
Целта е да се подигне јавната свест за опасностите и ризиците кои ги носи проблемот на трговија со луѓе.
OhridNews