Целта е да се зајакне довербата, толеранцијата и почитувањето меѓу различните етнички групи во општина Струга. Дебатата ќе трае два часа и е предвидено да има дискутанти кои ќе имаат своја презентација. После секоја презентација, ќе се отвори дебата на која присутните ќе можат да прашуваат и да споделуваат нивни мислења.
Дебатите се дел од проектот „Единство во различноста“ кој е имплементиран од страна на Локалната Агенција за Развој во општина Струга, и е финансиски поддржан од програмата на Обединетите Нации „Зајакнување на дијалогот и соработката меѓу етничките заедници“.
Главна цел на проектот е да и помогне на заедницата да ги надмине предрасудите базирани на етничката припадност и религијата.