Македонската ракометна репрезентација е поразена во Марибот од Словенија со 33:28 во првиот бараж натпревар од квалификациите за пласман на ЕП во Норвешка догодина. Пет  гола негатива ке мора да надополни македонската ракометна репрезентација вцо реваншот во Скопје во колку сака да биде дел од ЕП .Со подобра игра во последните 15 мин словенците стигнаа до предност која не им дава преголема надеж во пресрет на ревашот за 7 дена.

На стартот покажавме “заби“ и најавивме дека сме дојдени по позитива, а по 8 мин игра стигнавме до првото водство од 4-3 .Престрогото исклучување на Ангеловски во 15м. ги разниша нашите редови кога следуваше пад во концентрацијата , нашата одбрана делуваше раштимано ,немаше решение за Гаич кој со 5/5 од поле ја полнеше нашата мрежа па “змајчеките“ стигнаа до 12-9 .Тивката партија на нашиот најдобар играч Лазаров кој промаши два седмерци, а првиот гол го постигна во 19мин ја надополни Мојсоски кој го профитираше од вишокот простор и со 5/5 и даваше темпо на нашата игра .Со вториот гол на Лазров се изборивме за егал по првите 30 мин на паркетот каде делуваме неустрашливо,самоуверено и комапактно.

Со погодокот на Лазаров продолживме во ист стил и во вториот дел,по играта гол за гол стигнавме повоторно до минимално водство 21-20.Но тогаш на сцена стапија германските судии Леме и Улрих со серија исклучување не исфрлија од колосек.Во доста сомлителни ситуации беа исклучени Јоноски,потоа селекторот Вујовиќ .Сето тоа занеа да го искоритстат домакините кои преку Брумен со серија од 4-0 повторно се вратија во водство.Место да се соземеме во последните 10 мин следуваше комплетен распад систем во нашата игра и словенците стигнаа до најголемта предност на натпреварот 31-24.Место да не дотолчат домакните се опуштија и со  двата гола во финишот стигнавме на пристојна разлика.

По обичај одлично го одигравме првото полувреме а катастрофлано лошо го одигравме второто.Разочарувачка беше играта на нашиот капитен Лазаров кој постигна само 5 гола и непотребно силуваше .Позитивно беше ротирачката игра која ја примена селкторот Вујовиќ која даде резултат посебно во првиот дел.


Ништо не е загубено

Ништо не е загубено словенците не се бог знае каква репрезентација ,реваншот се игра во Кале каде ке ги чека пеколна атмосфера ,па време е  да се потсетиме на девизата жбило која разлика е достижна во Калеж .

Ракометните возбудувања продолжуваат денес во 16 часот (МТВ пренос) кога македонскта женска репрезентација во Могилев,Белорусија  ке се обиде да ја зачува предноста од пет гола постигната на првиот натпревар во Скопје.

М. Постоловски