Одбројувањето заврши!
Македонската фудбалска репрезентација, денеска во 18 часот на стадионот „Борис Паичадзе“ во Тбилиси, против селекцијата на Грузија го игра финалниот натпревар во баражот од УЕФА Лигата на нации за пласман на Европското првенство, што ќе се одржи следната година.
Не се потребни посебни мотиви и најави за вечерашниот натпревар, кој може и треба да биде исполнување на деценискиот сон, на секој фудбалер и поддржувач на македонската фудбалска репрезентација. Желбата и волјата кај македонските репрезентативци е голема, толку многу што на денот на натпреварот, а и претходно нема некој фудбалски вљубеник што останал рамнодушен и не соживеал со успесите на А селекцијата.
„Црвено жолтите“ и селекторот Игор Ангеловски се соочија со низа играчки проблеми пред најважниот натпревар во македонската фудбалска историја. Поради коронавирусот отпаднаа дефанзивецот Кире Ристевски и Крсте Велковски, а повреда од комбинација го исфрли Енис Барди. Фудбалерот за врска Аријан Адеми е крајно неизвесен и ќе се чека до крајот дали ќе го започне натпреварот или ќе биде на клупата.
Но без разлика кој, како и каде ќе игра една е целта, а таа е Македонија на Европско!
Напред Македонија!
OhridNews