По осмото коло од втората фудбалска лига како гром од ведро небо одекна веста за напуштањето на претседателскта функција во ФК Охрид на амбициозниот сега веќе екс – преседател Сашо Алче. Оставката на преседателот посебно изненадува ако се знае дека за оваа сезона помпезно се највуваше проектот за враќање на сјајот на фудбалот во Охрид и враќањето на ФК Охрид во македонската фудбалска елита.
   
По осум одиграни кола охригани се пласирани во средината на табелата а на домашен терен се уште немаат примено гол и покрај сето ова ФК Охрид го загуби својот преседател како што се чини од нефудбалски причини.

Во ФК Охрид се е навидум мирно, а вчерашниот тренинг помина во “релаксирана“ атмосфера. Го немаше претседателот во оставка, но  забележително беше присуството на останатите членови на Управниот одбор кои исто така најавија свои оставки.

Kако што ohridnews дознава последниот збор ќе го има градоначалникот кој е на службен пат. До новата пауза во првенстовото охриѓани треба да одиграат уште две кола. На гости со Миравци и дома на „Билјанини“ против Вардар Неготино. Единствено на што се надеваме е дека на фудбалот нема да му се случи она што му се случи на ракометот минатата сезона .
    
Напред “Сини“   ! ! !

По победата над Илинден од 4-1 Турново е нов лидер во втората фудбалска лига . Второпласираниот Металург и покрај тоа што беше надигран сепак не беше совладан на Билјанини. Караорман се повеќе тоне по поразот на домашен терен од забревтаниот Миравци за кого ова беше трета победа во серија. Во Дебар поранешните прволигаши Влазрими и Беласица одиграа 1-1 Исто како и Нов Милениум – Алумина. Со голот на Исмаили Дрита ја прекина серијата на Слога Југомагнат . Скопје го “тепаше“ Тетекс 2-1 ,додека Маџари како гости ја “реши“ Брегалница .

                      [email protected]