Во 31-то коло од Примера Дивизион сите погледи ќе бидат вперени на Сантијаго Бернабе во Мадрид, каде во Ел Класико ќе се сретнат “крвните непријатели“ Реал Мадрид – Барселона.
На осум кола пред крајот “Лос Бланкос“ благодарение на подобрата гол разлика сe пред Барселона, а имаат ист број бодови по 74.
Првата епизода од Ел Класико му припадна на “блауграна“ победувајќи го Реал Мадрид со 1-0. Стрелецот за голема радост на Ноу Камп беше најскапиот фудбалер во историјата на Барселона шведскиот “џин“ Златан Ибрахимович.
Во историјата на Ел Класико во Примера Дивизион, Реал Мадрид е поуспешен победувајќи на 68 натпревари, Барселона триумфирала на 61 додека без победник завршиле 31 натпревар.
Распоред во последните 8 кола
31 коло
|
Реал Мадрид – Барселона |
|
|
32 коло |
Алмерија – Реал Мадрид |
; |
Барселона – Депортиво |
33 коло |
Реал Мадрид – Валенсија |
; |
Еспањол – Барселона |
34 коло |
Сарагоса – Реал Мадрид |
; |
Барселона – Ксерез |
35 коло |
Реал Мадрид – Осасуна |
; |
Виљареал – Барселона |
36 коло |
Мајорка – Реал Мадрид |
; |
Барселона – Тенерифе |
37 коло |
Реал Мадрид – Атлетик Билбао |
; |
Севиља – Барселона |
38 коло |
Малага – Реал Мадрид |
; |
Барселона – Ваљадолид |
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com