Денот “Д“ за Македонската ракометна репрезентација. Ова се натпреварите кои ги посакува еден спортист, натпревари за кое вреди да се тренира, да се “изгубат“ саати  и саати во спортската сала.

Македонија или Бразил е второто од двете прашања на кое треба да даде одговор денешниот ден.

За очекување беше нашиот состав да се најде во ваква ситуација, бидејќи нашата шанса беа Австралија и Бразил. Селекцијата на Бразил игра незгоден ракомет кој лесно може да ни предизвика многу проблеми.

Селекцијата на Бразил игра една растурена одбрана, индијанска , ниту тие самите не знаат што играат. Еден вид пресинг, полу пресинг, човек на човек , три – три. Ништо не чудно и да загубиме од Бразил, таков е спортот. Некој мора да победи некој мора да загуби. Овие девојки се подготвени за тоа и мислам дека може да го совладаме Бразил, и да се пласираме во втората фаза,  што би преставувало огромен успех за оваа репрезентација.

Во пресрет на одлучувачкиот натпревар , докторот Димоска е таа која ќе го крои составот. Недоволно залечена е Елена Георигиевска, додека под знак прашалник е настапот на Ирена Петковска.

Одлучувачкиот меч Македонија – Бразил ќе се игра од 21 часот

М.Постоловски