– Реагираме настаните кои што се случуваат на политичка сцена во нашиот град. Ни пречи ниското ниво на комуникација на политилките актери кои реагираат во медиумите. Апелираме до истите да се воздржат од тоа и да не се бара како што читаме во весниците помош од странство за нашиот град, а властите да работат во насока на промоција и развој на градот, затоа што ниското ниво на комуникација што секојдневно се провлекува низ медиумите влјае на имиџот на нашиот град, истакна Горан Шибакоски – асистент на Универзитетот за информатички технологии во Охрид.
Тој негитраше било каква политичка поврзаност на иницијативата, која како што рече, е независна. Иницијаторите се уште не знаат што ќе прават со собраните потписи и дали иницијативата ќе ја преточат во невладина организација, но се надеваат дека нивните апели ќе стигнат до политичките субјекти.
Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески смета дека се претера со организирано формирање невладини организации од политичките партии, и вели дека иницијативите треба да се фокусирани на вистинските проблеми на граѓаните. Тој признава дека постои ниско ниво на комуникација, но тврди дека се однесува коректно во однос на нападите кои ги трпи.
– Крајно време е да престане ниското ниво на комуникација помеѓу политичките партии и во критиките во однос на општинската администрација. Јас никогаш не сум постапил поинаку освен како градоначалник на сите граѓани на општина Охрид и ги повикувам политичките партии нека си се пресметуваат помеѓу себе на нивото на кое што сакаат да се пресметуваат, меѓутоа да не ме спомнуваат мене. Јас сум градоначалник на сите граѓани, јас така се однесувам и ќе продолжам да се однесувам. Доколку се однесуваат така кон мене истото ниво јас ќе го задржам без мешање на политиката, рече Петрески.
Тој укажа дека и самиот е цел на дискредитација и разни фото монтажи на одрдени портали и медиуми и дека сето тоа не е во прилог на градење на демократијата и имиџот на градот.