„Ве молам да не дозволите за 15-20 дена да се заборават децата на Дејан бидејќи во ова тешко време тешко е да се одгледуваат деца и со двајца родители.“ Со овие зборови се обратил српскиот свештеник на петстотините присутни на погребот на 34-годишниот Дејан Новаковиќ кој минатата недела беше убиен во тепачка што се случи во Охрид. Новаковиќ кој вчера беше погребан на новобежаниските гробишта во Белград зад себе остави сопруга и три малолетни деца.


Дејан Новаковиќ вчера беше погребан во Белград

Српските медиуми денеска пренесуваат изјави на пријателите на семејството Новаковиќ, кои велат дека инцидентот во Охрид нема врска со македонскиот народ и граѓаните кои и самите се згрозени од насилниот чин. Водечките српски весници пренесуваат уште и дека српскиот граѓанин осомничен за убиството на Дејан најверојатно избегал во Албанија, но и дека тоа го направил преку илегален премин.

Медиумите во Србија ја пренесуваат и информацијата за нападот над двајцата охриѓани во Смедеревска Паланка што се случи непосредно по трагичниот инцидент во Охрид.

OhridNews
фото: „Pressonline“