На поменот присуствуваа амбасадорот и конзулот на Република Бугарија во Македонија, претставници на локалната самоуправа, членови на здружението „5-ти Септември“, граѓани на Охрид.
Бугараскиот амбасадор во Скопје, Раковски Лешев, истакна дека емоциите и по една година од трагичниот настан се силни. Тој искажа благодарност до граѓаните на Охрид и општината за се што направиле да се ублажи болката на семејствата на загинатите. Не сакаше на овој ден да коментира до каде се судските процеси што во Бугарија се водат за овој случај, кој смета дека не треба да има влијание на односите помеѓу двата народи.
Годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро, при што загинаа 15 бугарски туристи, денеска ќе биде одбележана со положување цвеќе на местото на несреќата и на спомен плочата на загинатите во градскиот парк.