Кинез, кој се колнел пред Господ дека не му должел пари на соседот, минута подоцна го погодил гром. Ху се заколнал пред повеќе соседи во Фугинг. Рекол дека никогаш не позајмил пари од соседот, кој тврдел дека пред 3 години му позајмил пари.


„Му позајмив пари за да купи подарок за венчавка од пријател, а сега тоа го порекнува“ –  рекол соседот.

Му рекол да се заколне во Господ дека не му должи ништо. Ху тоа храбро го направил, а една минута подоцна го погодил гром. Лекарите потврдиле дека потполно ќе се опорави.