Нашата сограѓанка Билјана Јанеска, самохрана мајка на две деца,  боледува од малиген меланом. По извршената операција во странство, на Билјана потребни и се средства и за дополнително лекување  во Унгарија , каде за терапија дневно се плаќа и по 500 евра.

Билјана бара помош од хуманите граѓани, затоа што поради болеста веќе подолг период не е во можност да го води бутикот од каде ја обезбедуваше својата и егзистенцијата на своите две деца.   

Поради ризик од проширување  на метастазите од малиген меланом и враќање  на болеста после три тешки операции, потребни се големи финансиски средства, околу 180.000 евра, за да продолжам со лекување во Унгарија. Има можност за почетна програма на лечење од неколку недели со што би добила обука за продолжување на третманот во домашни услови, но и за тоа се потребни средства . Неопходно е да соберам пари барем за почетниот третман кој би чинел 10.000 евра, вели Билјана.

Нејзините пријатели организираат хуманитарни акции и преку социјалните мрежи апелираат за хуманост од охриѓани и сите граѓани низ земјата.   

Кога колата ќе тргне низ брдо, едно лошо лепи друго, уште полошо, па лавина од несреќи се обидува, да ја потрупаат мојата Билјана. После илјадници километри поминати по патиштата до Истамбул и назад, траумите и стресовите поради растуреното семејство и пропаѓањето на бизнисот, со кој веќе не може да се занимава, поради болеста со која се бори секој ден, во нејзините очи може да се прочита само стравот, кој секоја, ама баш секоја мајка го носи со себе и прашањето кое ја разденува, а не ја буди, затоа што и не заспива никогаш- „Кој ќе се грижи за моите две пилиња, ако не се изборам со овие ситни клетки прошетани низ моето тело?“, пишуваат нејзините пријатели.

Хуманите граѓани кои сакаат да и помогнат на Билјана тоа можат да го направат донирајќи на телефонските броеви:

ВИП   077143404
ОНЕ   075143650

Сметка за донација: за девизи 210501682246023 НЛБ Тутунска банка, за денари 200001840023159 Стопанска банка.

Доколку се врши уплаќање од странство треба да се наведат следните податоци:

CLIENT DETAILS : name / surname : BILJANA JANESKA , Add: ZELEZNICKA 8 OHRID , IBAN Code MK07210501682246023 BANK DETAILS : BANK NAME : NLB TUTUNSKA BANKA A.D.SKOPJE ; BANK ADDRESS : MAJKA TEREZA BR 1 ; DRZAVA : MAKEDONIJA ; SWIFT : TUTNMK22 .

OhridNews