„Да го заштитиме крајбрежјето на Охридското Езеро од еколошка деградација“- е тема на трибината што денеска во 10 часот ќе се одржи во просториите на општина Охрид.

На трибината осврт на еколошките проблеми и предизвици ќе имаат д-р Ленче Локоска од Хидробиолошкиот Институт – Охрид, проф. д-р Иван Блинков од Катедрата за земјиште и вода при Шумарски факултет, Скопје и инж. по животна средина Љубомир Петковски, консултант – експерт по животна средина.

Дебатата е во рамки на Неделата на животната средина, а по повод 5 јуни – Светскиот ден на животната средина.

Покровител на трибината е Општина Охрид, а организатор Еколошкото друштво „Грашница“ – Охрид. На неа учество ќе земат претстатвници  на јавни претпријатија, инспектори, членови на граѓански здруженија, стручњаци од областа на животната средина и останати чинители во оваа дејност.

OhridNews