Целта на акцијата е да се сврти вниманието на пошироката јавност на состојбата со животната средина и односот кон неа. Исто така се очекува јавното комунално претријатие да ги изнесе и податоците за состојбите и проблемите со хигиената на градот и плажите оваа сезона.
Акцијата е поддржана од Ohridnews, а за сите заинтересирани кои сакаат да земат активно учество во неа организиран е бесплатен превоз почнувајќи од 09.00ч. (16.08.2008г.) од кругот на Дирекцијата на Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид.