Почитуван г/дин Љупчо,

Точно дека имавме прес, сакавме искрено да го искажеме нашиот револт од дрскоста на подметнувањето ,кое беше направено во нашата болница. Знаете кај мене во професијата никогаш  немало и нема да има политика и политиканство.Ве ценам како врвен професионалец и мој пријател. Се извинувам што не бевте повикани од страна на службата,( но во една прилика кога бевте поканети не дојдовте,а на мое прашање кажавте дека не следите дневни настани и да не Ве повикуваме во иднина).

 Признавам дека не сум професионалец како портпарол но еве немајќи можност (законска) да имаме вработен -можеби аматерски ја информирам јавноста-но тие пресови се без калкулации , се искрени, и без политички ниски удари. Уште еднаш многу ми е жал за се што се случува во овој убав но помалку и чуден град. Знаете дека и јас како и вие после вакви случувања не се чуствуваме пријатно, еве предлог да работиме за почеток, меѓусебната доверба да јакне , а  не да се пикаме уште во подлабоки ровови, да се обидеме професионалноста и вредносните кртериуми да бидат репер за кариера на една индивидуа. Само така национално сплотени,со концензус за приоритети ќе истраеме во оваа транзиција за која и јас и Вие сакате што побргу да заврши и да впловиме во помирно секојдневие. Лично нема да дозволам да бидеме вовлечени во политички интриги, или да бидеме анализирани од поединци кои не заслужуваат внимание.

Со должна почит  д-р. Сашо Василевски

*Ставовите изнесени во рубриката „Писма“ се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.