Д-р Митре Милошевски, неврохирург вработен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, ќе биде кандидат за градоначалник на Охрид на претстојните вонредни избори од редовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Одлуката доцна ноќеска ја донеле највисоките партиски органи на состаонок во Скопје.
Д-р Милошевски е третиот официјален кандидат кој ќе ја трча градоначалничката трка во Охрид. Претходно, кандидатура објавија и Д-р Константин Георгиески (СДСМ) и Михаил Трендафилов Нанче (ГДУ).
Предвремените локални избори за градоначалник на Охрид ќе се одржат на 21 апррил, а предизборната кампања започнува на 1 април.
OhridNews