По повод одбележувањето на 117-годишнината од смртта на војводата Методија Патче, делегација предводена од кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник д-р Митре Милошевски положи свежо цвеќе на спомен обележјето на војводата во градскиот парк.

7 Април, инаку е Светски ден на здравјето,  посветен за подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот. Кандидатот за градоначалник д-р Митре Милошевски посакува што поголемо подобрување и унапредување на здравјето и добросостојбата на сите граѓани преку високо квалитетен здравствен систем. Ги охрабрува колегите и здравствени работници и натаму да останат посветени на својата примарна цел – грижа за здравјето на граѓаните.

 

-Здравјето е човеково право, да го чуваме, здравје за сите, здравје насекаде! – рече д-р Милошевски.

OhridNews