Само со отвореност кон граѓаните и одговорност може да се подобрат демократските процеси, што е и целта на канцеларијата за комуникација со граѓаните, каде секојдневно се среќаваме со нив. Ова денеска на прес конференција во граѓанскиот штаб на ВМРО ДПМНЕ го истакна кандидатот за градоначалник, д-р Митре Милошевски.
Таа е одлична можност да можеме да ги слушнеме идеите, размислувањата и предлозите на граѓаните. Канцеларијата ќе биде наше заедничко катче каде што граѓаните секој ден ќе имаат можност да се сретнат со мене и мојот тим и да ги кажат нивните размислувања.– истакна Милошевски.
Канцеларијата ќе биде отворена секој ден од 10 до 21 часот и ги повикувам граѓаните да се обратат со свои идеи, предлози, проблеми, пофалби, критики. Таа ќе нуди можност да ги оствариме заеднички вашите идеи и содржини за кампањата, додаде Милошевски. Тој рече дека со програмата „За Убав град“, Охрид не само што ќе се помести од една мртва точка, точка на стагнација, туку значително ќе напредне во својот развој.
OhridNews