„Астра Зенека“ претставува една од најбезбедните и најквалитетните вакцини, која е дадена во најголем број дози на светска популација, изјави на денешниот брифинг организиран од Лекарската комора, професорката на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, д-р Александра Грозданова, која е и претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство.

Таа нагласи дека нема потреба од создавање паника кај сите лица кои ја примиле вакцината на „Астра Зенека“ и посочи дека само во Велика Британија има над 17 милиони дадени вакцини од оваа компанија.

Најпрво беше препораката „Астра Зенека“ да не се дава кај постарата популација над 65, тоа беше во јануари некаде, оваа препорака потекна од таму што во клиничките испитувања што ги имаше оваа вакцина не беа вклучени доволен број на популација над 65 години и кога вие не вклучувате во клинички испитувања трудници или доилки или други категории, вие едноставно немате податоци за безбедноста и ефикасноста на таа вакцина кај во овој случај псотарата популација. Но, вакцината почна да се дава и се виде дека има одличен безбедносен профил и таа препорака многу брзо прекина да важи и почна да се дава и кај постарата популација, појаснува Гроздановска.

Овие нови сознанија што се појавуваат последните десетина дена кои се темелат на бројките на тромбоични промени, односно несакани реакции што се случуваат се кај популацијата под 60 години и тоа, како што вели, потекнува од неколку држави.

За „Астра Зенека“ на 15 март, 13 земји во Европа кратковремено прекинаа давање, се со цел да се разјасни оваа состојба. Почнувајќи од Норвешка, првите случаи беа таму, па во Данска, потоа пријави Австрија значи се од ваков тип на тромбоични промени кај популација помлада од 60 години. Германија во понеделникот излезе со јасен став дека бројот на инциденцата на појава на оваа состојба во однос на бројот на дадени дози претставува доволен алармантен сигнал за времено прекинување на давање на таа вакцина кај оваа популација, истакна Гроздановска.

Но, додава таа, кај истата таа популација, инциденцата на појава на овие заболувања, односно овие компликации е многу пати поголема кај популација која не е вакцинирана.

Ние имаме популација која носи веќе предиспозиција за развој на такви заболувања. Во моментов, од денеска е најново дека сега препорачуваат само една доза од „Астра Зенека“ кај пациентите што ја примиле првата, а се во групата под 60 години, но токму оттука е нашата мала претпазливост, додека се расчисти оваа стиуција, се обративме до ЕМА, ЕМА имаше еден комитет за безбедност, мислам дека на нас воопшто не ни се пореметув планот бидејќи ние тргнавме со постарата популација. Тргнавме со 77 и „Астра Зенека“ сега ја даваме надоле, ќе дојдеме некаде до 65 и тука сме комплетно безбедни, нагласи Гроздановска.

Таа појасни дека ист модел на дизајнирање на вакцината претставува и „Астра Зенека“ и „Спутник В“, тоа се двете аденовирусни вакцини, единствена разлика е што „Астра Зенека“ користи вирус вектор од шимпанзо, од аденовирус од шимпанзо, а „Спутник“ користи хумани аденовируси.

Меѓутоа, тоа не ја објаснува оваа симптоматологија на настани и мислам дека од она што ние во научните кругови го гледаме е дека степенот на пријава на овие инциденци е поголем од два фактори, заради тоа што „Астра Зенека“ се дава многу помасовно и затоа што следењето на несаканите реакции особено на ниво на ЕУ каде што е приоритет следењето на безбедноста е многу потемелно. Секој еден пријавен случај се детектира и е забележуван, посочи д-р Гроздановска.

Таа додаде дека во овој период одлучиле, во овие неколку дена да одат со вакцинација на постарата популација, со оваа вакцина, бидејќи, како што рече, тоа беше според националниот план. Дополнително ќе чекаат потврда од различни регулаторни тела да видат навистина колкава е инциденцата.

OhridNews