Д-р Грација Бакраческа ќе го заземе пратеничкото место на Кирил Пецаков во Законодавниот дом.

Бакраческа е следна на листата на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по Кирил Пецаков, што по автоматизам значи дека го зазема неговото место во Собранието. Официјално, на функцијата пратеник треба да стапи откако новоизбраниот градоначалник ќе го преземе мандатот, информираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Инаку, Грација Бакраческа по професија е специјалист по детска и превентивна стоматологија, а член на ВМРО-ДПМНЕ е од 2001 година.

 

К.А.