Од Министерството за здравство денеска информираа дека изминатите денови се назначени 14 нови в.д. директори на јавни здравствени установи низ државата.
Нови в.д. директори се назначени на Клиничката болница во Битола, Општата болница во Куманово, Општата болница во Велес, Општата болница Охрид, Клиниката за торакална и васкуларна хириргија, Клиниката за детска хирургија, Институтот за трансфузиона медцина, и Психијатриската болница во Демир Хисар…..
Горан Маркоски на Општа болница – Охрид, Ненси Лозанче на Клиничка болница – Битола, Амир Елези на Институт за трансфузиона медицина – Скопје, Стефан Трајановски на Општа болница – Куманово, Александар Бузалков на Општа болница – Велес, Стевче Цветановски на Психијатриска болница – Демир Хисар, Невена Маневска на Универзитетски институт за позитронско-емисиона томографија, Мухсин Арифи на Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, Игорче Џиковски на Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Лазе Јовчевски на Универзитетска клиника за детска хирургија, наведуваат од Министерството за здравство.
Стојанче Петров е нов в.д. директор на Здравствен дом – Радовиш, Рената Пешиновска на Здравствен дом – Вевчани, Шпенди Амети на Центарот за јавно здравје – Тетово, а Горан Кузески на Центарот за јавно здравје – Прилеп.
Д-р Горан Маркоски доаѓа на местото на д-р Асен Шајн кој неодамна поднес оставка на функцијата која ја извршуваше изминатите две години. Како што наведе оставката ја поднел од лични причини.
OhridNews
фото. Архива