Раководителот на на амбулантско-поликлиничка дејност на Клиниката за токсикологија во Скопје, Нико Беќаровски, преку социјалните мрежи се огласи за инцидентот во кој вчера физички беше нападнат лекар, кој заврши на ургентрното одделение.
Повторно физички нападнат и повреден доктор на своето работно место. Дали покрај маските, везирот, ракавиците, ќе мора да носиме и нунчаки за самоодбрана??? Док Холидеј бил во право што стетоскопот, го заменил со револвер. – напиша д-р Беќаровски.
Попладнево повторно ФИЗИЧКИ нападнат и ПОВРЕДЕН доктор на своето работно место.Дали покрај маските, везирот,…
Posted by Bekjarovski Niko on Sunday, September 20, 2020
Полицијата го пронајде и лиши од слобода напаѓачот. Се работи за 32-годишно лице кое незадоволно од односот на лекарот кој неговото малолетно дете го упатил на педијатрискиот оддел, физички го нападнал и му нанел телесни повреди.
OhridNews