Изминатите денови во охридската општа болница дневно се прегледуваат десеттици пациенти суспектни на Ковид 19, а повторно е отворена и модуларната болница, што навестува дека не очекува четврти бран на коронавирусот. Ова во интервју за OhridNews го истакна директорот на Општа болница Охрид С-р Горан Балевски.
Повторно е отворена модуларната болница во која имаме 4 пациенти. Тројца од нив не се вакцинирани, а едниот е вакциниран, кој има полесна клиничка слика. Од сите нив само еден беше на делумна кислородна поддршка, со мал пад на сатурација, а останатите се со добра клиничка слика. Очекувам дека ќе се зголемува бројот на позитивни пациенти, но да се надеваме дека нема да дојде до оптовареност на болницата, каква што имавме при последниот бран во април кога во еден момент имавме и 110 пациенти со тешка клиничка слика кои беа на кислородна поддршка. – истакна во интервјуто за OhridNews, Д-р Балевски.
Балевски и натаму смета дека вакцинацијата е единствен начин да се победи Ковид 19 и апелира до граѓаните да се вакцинираат.
Во разговорот се осврнуваме и на работата на општата болница која е преоптоварена во туристичката сезона, за недостатокот на лекари и стручен кадар во поедини сфери, желбата на лекарите да пливаат во политички води и неговата голема љубов – нуркањето.
Д-р Балевски: Четвртиот бран започна
Г. Момироски