– Не припаѓам на ниту една политичка партија, но прифатив да учествувам во работата на експертскиот тим на ОК ВМРО ДПМНЕ, но исклучиво како независен експерт во делот на реализација на програми од областа на здравството, изјави за Ohridnews, д-р Бакрачески.
Тој истакна дека е подготвен да помогне да се реализираат одредени идеи од областа на здравството во интерес на пошироката заедница, но и дека натаму ќе остане посветен на својата работа како неполитичка личност.