Од денес ЈЗУ Општа Болница – Охрид, се вклучи во пилот проектот „Скрининг на слухот кај новородени“, кој го иницираше Клиниката за уво, грло и нос – Скопје. За главен координатор во Одделението за уво, грло и нос во охридската општа болница е назначен оториноларингологотД-р Асен Шајн, а уредот за скрининг на слухот кај новороденчиња го донираше фирмата „Градежник’’ од Охрид.

Очекуваме дека навремената детекција и интервенција на слушно оштетените новородени ќе ги намали трошоците за нивна општествено-социјална интеграција, вклучително и образование. – велат вклучените во проектот.

 

Д-р Асен Шајн на чело на тимот кој ќе спроведува скрининг на слухот кај новородени во Општата болница во Охрид

Од овај проект, кој е дел од Програмата на Министерството за Здраство за активна заштита на мајки и деца за 2021 година, треба да произлезе законска регулатива за имплементација на универзален неонатален скрининг на слухот на национално ниво.

Уредот за скрининг на слухот кај новороденчиња го донираше фирмата „Градежник’’ од Охрид

Проектот е имплементиран и континуирано се реализира во одделот за интензивна нега при ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство Скопје, Општа болница Струмица и ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза’’- Скопје, а од сега и во Општата болница во Охрид.

Г.М.