Регионалниот ЦУК Охрид, во врска со немилиот настан на Галичица каде денеска возило падна во провалија, извести дека несреќата се случила на место викано „Превој“.
Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“. Според екипите што се на терен на местото на настанот има две починати лица на постара возраст, информира ЦУК.
Екипа на МВР Охрид и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжија со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата, соопшти ЦУК.
OhridNews