Под контрола се пожарите на Плакенска планина над с.Вирово во Општина Демир Хисар, меѓу кичевските села Цер и Старец, и на Галичица кај Зли Дол, с.Стење и с.Лескоец, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.
На планината Галичица има чадење на две места на место викано Зли Дол, Општина Охрид каде тлеат трупци од претходниот пожар и кај с.Стење и с.Лескоец, Општина Ресен каде зафатена е трева и лисна постелка во дабова шума, посочуваат од ЦУК.
На Плакенска планина опожарена е ниска вегетација и сува трева.
Инаку, во текот на вчерашниот ден имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се три, а изгаснати се 15.
OhridNews