Во последното деноноќие имало пет пожари на отворено и пожарникарите сите ги изгаснале, соопшти ЦУК.

Во Општина Ѓорче Петров изгаснат е пожар на депонија покрај ул. „Радушка“, во пределот кај гробиштата. Била зафатена била површина од 500 m2. Пожарникарите од ТППЕ Велес гаселе пожар на стрниште на површина од пет хектари во атар на с.Клуковец, а во Општина Могила пожарникарите интервенирале покрај патот Битола-Прилеп во близина на с.Вашарејца. Врз два пожара интервенирале пожарникарите од ТППЕ Прилеп во Општина Долнени, прво гаснеле запалена ниска вегетација во месноста „Заград“ и потоа запалена ниска вегетација и прагови од железничка пруга помеѓу селата Слепче и Браилово.

ЦУК соопшти и дека во последното деноноќие имало вкупно 1.631 повици на единствениот број за пријавување итни случаи 112. „Реални“ повици, односно тие што се токму примени за итни случаи, имало 45,55%, од другите повици што се за други случаи или ситуации имало 54,45% од примените повици. Најмногу повици биле упатени кон полицијата (56,16%) и итната медицинска помош (37,44%).

OhridNews