Холанѓанец денес околу пладне бил повреден во Охридско Езеро по удар во камен. Дојавата за повредено лице ја добиле во Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку единствениот повикувачки број за итни повици 112 околу 12.00 часот. За итниот случај, од ЦУК веднаш е известена Итна медицинска помош.
Лицето со кајче е пренесено до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид. Превземено е од Итна медицинска помош и пренесено во Општа болница во Охрид на одделот за хирургија. Повреденото лице е надвор од животна опасност, информираат од ЦУК.
OhridNews