Осумдесет години Црвениот крст е во постојана хумана мисија во Македонија помагајќи им на луѓето на кои помошта им е неопходна. Големиот јубилеј ќе биде одбележан и во Охрид со пригодна свеченост што ќе се одржи на 10 март, понеделник, во Големата сала на Општина Охрид.
Настанот ќе биде отворен со презентација на видео за јубилејот, а предвидени се обраќања на претседателот на Црвениот крст Охрид, на Црвениот крст на РС Македонија, на градоначалниците на Охрид и Дебрца, а свеченоста ќе биде заокружена со доделување на јубилејни признанија.
OhridNews