Црвен крст Охрид денес во 13 часот по повод 17 март Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на РСМ, организира свеченост на која ќе бидат доделени признанија на најзаслужните кои придонеле за развој на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2023 година.
Промовирање, развој и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, совесно и посветено ја спроведува во текот на цела година. Како резултат на хуманоста на крводарителите, постојаната ангажираност на вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и службите за трансфузиона медицина, преку организирање на крводарителски акции во текот на годината, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во нашиот град, потенцираат.
Хуманоста, додаваат, што ја покажуваат крводарителите преку доброволно дарување крв, придонесува да бидат спасени многу човечки животи.
Настанот ќе се одржи во просториите на Црвен крст Охрид.
OhridNews