Собрани се доволно количини на храна и пијалоци за екипите кои го гасат пожарот на Галичица и засега нема потреба од донации, информираат од ОО Црвен крст Охрид.

Од екипите на Галичица добивме информација дека засега веќе нема потреба од донации на храна и на пијалоци за лицата коишто го гаснат пожарот. Црвен крст Охрид уште еднаш упатува огромна благодарност до сите граѓани, организации и институции коишто ја изразија својата солидарност донирајќи продукти, велат.

Информацијата следи откако во текот на вчерашниот ден започна да се собираат донации, кои продолжија и во текот на денешниот ден, а хуманоста и солидароста на граѓаните се покажа на дело. И покрај најавите од утрово дека акцијата ќе продолжи и во текот на следните два дена, од организацијата посочуваат дека сепак засега има доволно собрани колични храна и пијалоци.

Н.С.Ј.