Црвен крст Охрид до сите оние кои ќе бидат дел од настанот за одбележување на празникот Богојавление-
Водици на Градското пристаниште во Охрид упатува апел за почитување на следните препораки:
- Со оглед на ниската температура на водата во Охридското Езеро-(кај пристаништето околу 8 степени), релативно ниските температури на воздухот кои се најавуваат за 19.01.(околу 9 степени), силен југозападен ветар со брзина од околу 10 м/с, повикуваме на исклучително високо внимание, сериозност и претпазливост на оние кои ќе влегуваат во водите на Охридското Езеро
- Да не влегуваат во вода доколку чувствуваат слабост или имаат било каков здравствен проблем
- Да не конзумираат алкохол пред влегување во вода, а да конзумираат топли безалкохолни напитоци-чај, алкохолот рапидно го забрзува намалувањето на температурата во организмот
- Оние што ќе влегуваат во вода, во неа да се задржуваат кратко (не подолго од 3 мин). Во вода телото се лади десетина пати побргу отколку во воздух, особено при зголемени телесни активности
- Да облечат обувки при влегување во вода
- Да имаат сува и топла облека по излегување од вода.
За сите оние кои ќе бидат дел од настанот на Градското пристаниште на копно, препорачуваат:
- Да облечат повеќеслојна облека
- Да конзумираат топло безалкохолни напитоци-чај.
OhridNews