Во рамки на националната кампања на Црвен крст на РСМ под мотото „Првата помош спасува живот“ Црвен крст Охрид, оваа година се вклучува со спроведување на кампања по прва помош во училиштата.

Денес беше одржана првата обука во рамките на оваа кампања со која беше опфатен наставнички кадар од сите основни и средни училишта од општините Охрид и Дебрца.

Во периодот од 01.09.2023 до 15.02.2024 ќе се спроведат бесплатни обуки по прва помош за околу 500 ученици на возраст од 12 до 18 години од сите основни и средните училишта на територијата на Општинa Охрид и Општина Дебрца, како и бесплатни обуки за наставен кадар. Обуките ги спроведуваат лиценцирани предавачи и демонстратори по прва помош, информираат од организацијата.

Потенцираат дека долгогодишно активно работат на планот на унапредување и развој на дејноста во делот на првата помош.

Сега со посебен придонес во образовните институции каде уште од најмала возраст се обучуваат младите како правилно да укажат помош таму каде што е потребна. Првата помош е непроценлива животна вештина која децата треба да ја надоградуваат во текот на животот, додаваат.

OhridNews