Црвен Крст Охрид и оваа година продолжува со обезбедување на бесплатна социјална услуга лична асистенција на лица со попреченост.
Оваа значајна услуга се реализира благодарение на поддршката од Министерството за социјална политика, демографија и млади на Р.С.М. Целта на оваа услуга е да се овозможи подобар квалитет на живот за лицата со попречености, преку индивидуализиран пристап кој обезбедува поддршка во секојдневните активности, како и промовирање на социјална инклузија и самостојност на корисниците, посочуваат.
Со имплементација на оваа услуга, велат, Црвен Крст Охрид продолжува да придонесува за еднакви можности за сите граѓани на Охрид и Дебрца, создавајќи услови за повисоко ниво на социјално учество и интеграција на лицата со попречености во заедницата.
OhridNews