Црвен крст Охрид продолжува со кампањата по прва помош за млади. Одржани беа нови едукации во училиштата СОСУ „Св. Кирил и Методиј” и ОУ „Братсво и Единство”.
Како организација, долгогодишно активно работиме на планот на унапредување и развој на дејноста во делот на првата помош со посебен придонес во образовните институции каде уште од најмала возраст се обучуваат младите како правилно да укажат помош таму каде што е потребна. Првата помош е непроценлива животна вештина која децата треба да ја надоградуваат во текот на животот, информираат од Црвен крст Охрид.
Тематската област на едукациите, додаваат, вклучуваше обука за укажување на прва помош односно срцево-белодробно оживување (реанимација), задушување со страно тело, различни видови крварења, скршеници, изгореници и смрзнатини.
Продолжуваме и понатака со оваа кампања во останатите училишта, потенцираат.
Претходно со кампањата беа опфатени и ООУ „Христо Узунов”, ООУ „Св. Климент Охридски”, ОСУ „Св. Климент Охридски”, ООУ „Ванчо Николески” – Лескоец и ООУ „Григор Прличев”.
OhridNews