Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија,  организира обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица.

Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник), пет дена во неделата, во период заеднички договорен. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен меѓународно признат сертификат за негувател/ка за помош и нега на стари лица, информираат.

Заинтересираните полнолетни кандидати, додаваат, ќе можат да добијат повеќе информации и искажат интерес за обуката со јавување на еден од телефоните 046 261909 и 070 315309, на е-маил: [email protected] или во просториите на Црвен крст Охрид.

Конкурсот за пријавување на кандидати за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица ќе биде отворен од 10 до 25 септември. Ги очекуваме сите оние кои имаат желба и потреба да стекнат вештини и знаења за помош и нега на стари лица и се стекнат со високообразовен сертификат за негувател/ка. Со тоа стануваат дел и од тимот на негуватели во Центарот за нега при Црвен крст Охрид и добиваат можност за вработување, потенцираат.

OhridNews