Црвен крст Охрид и оваа година се вклучи во одбележувањето на 1 Октомври, Меѓународниот ден на старите лица, воспоставен од страна на Обединетите нации во 1990 година за да се охрабруваат земјите во светот да привлечат внимание и да ги оспорат негативните стереотипи и заблуди за постарите лица и стареењето и да им овозможат на постарите лица да го реалзираат својот потенцијал.

Годинава, темата на одбележувањето на 1 Октомври е „Исполнување на ветувањата од Универзалната декларација за човекови права за постарите лица: Низ генерации“.

По тој повод, денес во просториите на Црвен крст Охрид, се одржа интерактивна работилница и презентација на основната тема на годинешното одбележување на 1 Октомври.

Оваа работилница, покрај со проширување на знаењата за правата на постарите лица, резултираше и со одредени размислувања и предлози поврзани со состојбата, околностите и грижата за старите лица во нашето општество и локалните заедници, информираат од Црвен крст Охрид.

Работилницата ја водеше долгогодишниот волонтер и дисеминатор за меѓународно хуманитарно право Љупчо Милкоски.

OhridNews