Црвен крст Охрид со низа активности ќе се вклучи во одбележувањето на Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина (8-15мај).
Во рамки на предвидените активности на 9 мај делегација на Црвен крст Охрид во 10 часот ќе положи свежо цвеќе пред бистата во Охрид (пред седиштето на Црвен крст Охрид) на основоположникот на Движењето на Црвениот крст, Анри Динан кој е роден на 8 мај 1828 година.
На овој ден ширум светот националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина преку пригодни активности делуваат на подигање на свеста за значењето на нашите основни принципи и вредности и не’ потсетуваат на потребата од намалување на човековите страдања, зачувување на човековото доистоинство, заштита на животот на луѓето, како и надминувње на последиците од вонредни состојби и природни катастрофи, велат од Црвен крст Охрид.
Активностите продолжуваат на 13 мај кога предвидено е да се одржи дисеминациска сесија со дечињата од едукативната програма ПОЛЕТАРЧЕ.
На 21 мај предвидена е крводарителска акција од 10-14 часот во просториите на Факултетот за туризам и угостителство Охрид наменета за студенти и за сите граѓани.
OhridNews